Преговорите по договорот од Хан продолжуваат- тема ДИК

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Преговарачките тимови на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, засилени со меѓународни посредници, продолжуваат со преговорите од обврските од договорот од Хан, во Пржино. По специјалниот обвинител сега се точките од изборното законодавство чиј рок е 6.10 2015.

drzavna-izborna

Денеска повторно се  отвораат прашањето за составот и функцијата на Државната изборна комисија и кое прашање треба да се дефинира  до 30.септември.

Ингеренциите на ДИК се зголемуваат за да обезбеди фер и слободни избори. ДИК, според досегашните разговори, ќе брои девет члена, тројца ќе бидат избрани по предлог на власта, тројца од опозицијата, а тројца членови треба да бидат експерти.

Сепак камен на сопнување  се изборните правила, активната регистрација и најмногу моделот. Според извори на локално мк , се поизгледно е ништо  да не  се смени во моделот , да си остане   6 изборни единици, а евентуално може да се договори нешто околу отворените листи , па може дури ни тоа.

Груевски предлага мнозински модел, а СДСМ пропорционален со една изборна единица.

Жежок костен ќе биде и гласањето на дијаспората, тука ставовите се дијаметрално спротивставени.Изборната рамка треба да биде усогласена до 6 октомври.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан потенцира дека изборите се обврска која произлегува од договорот и оти мора да се спроведат, и нема одлагање на датумот на изборите.