Преговорите за евроообврзницата почнаа

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Претставници на Министерството за финансии од денеска почнуваат средби со инвеститори од Европа и САД поврзани со купувањето на последната еврообврзница, која изнесува 650 милиони евра и која е најголема до сега, информира 24Вести.

gragjanite_za_evroobvrznica_11_07.mpg_snapshot_00.36_2016.07.11_16.55_0

Од Министерството за финансии, велат дека не можат да ги потврдат овие инфиормации, затоа што би било шпекулација, особено сега откако веќе е официјализиран проектот.

Домашната експертска јавност порача дека оваа еврообврзница ја турка земјата во ризични води. Поради високото ниво на задолженост, инвеститорите ќе бидат претпазливи, а македонската економија ќе мора да се исцедува постојано за да ги отплаќа обврските.

Граѓаните се децидни дека несакаат државата да се задолжува повеќе, бидејќи ваквото задолжување е на грбот на сите, а со тоа и државата се повеќе пропаѓа, воедно прашуваат каде и за што ќе се трошат парите.

На меѓународниот пазар почнаа средбите за еврообврзницата, а дома владата веќе утре од овдешните кредитори планира да се задолжи со 4,7 милиони евра.

На аукцијата на хартии од вредност ќе бидат понудени тримесечни и 12-месечни записи. Веќе во среда, за враќање доспеваат 8,6 милиони евра. Минатата среда владата се задолжи 12, 6 милиони евра, или двојно повеќе од првично побараното./извор 24Вести