Преговорите застанаа, „This is too much“-Тензична средба меѓу Бејли, Орав и Хоуте со Груевски

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Европскиот експерт Питер Ванхауте не запира  и од вчера тој оди на  одделни средби со партиите со кои разговара за  драфт верзија за менување на Изборниот зконик, напишана по  состаноците со сите . Партиите сега  треба да дадат финални забелешки.  Ванхауте е штедлив на зборови,  но оптимизмот не го напушта.  Сепак факт е дека преговорите застанаа, роковите се пробиени и  нема проценка до кога.

van_haute1

Целосно молчат сите другите учесници во преговорите. Оваа таинственост доаѓа по повторените прозивки од меѓународниот фактор кој укажува дека законот требаше да се усогласи уште вчера. Рокот за договор за изборната регулатива истече на 6 октомври, а сега тече политиканството во стилот кој е повеќе крив за одолговлекување на преговарачкиот процес.

Извори за Локално , неофицијално тврдат дека сепак оваа проблематика ќе се заокружува малку подолго и и покрај сите притисоци, и не е исклучено да оди  во пакет со законот за бомбите и свиркачите и тоа  дури за десетина дена.

Либертас од дипломатски извори  пак дознава дека суноќечната а средба на Бејли, Орав и Хоуте со лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски, била многу тензична

Според Либертас , еден момент во текот на разговорите, амбасадорот Бејли се обратил кон Груевски со зборовите „This is too much“ (Ова е премногу) за се оди вака во последен момент.

Американскиот амбасадор заминал во неговата резиденција затоа што имал повикано гости на приватна вечера, но не е исклучено ноќва, работните групи да биле  повикани, да работат.