Со реакција се огласија од ВМРО-ДПМНЕ, од каде порачаа дека граѓаните се соочуваат со нов ценовен шок. Ја обвинија власта.

-Од денеска цените на прехранбените производи значително ќе се зголемат, а со тоа и инфлацијата која што во моментот е 50 проценти поголема од онаа во еврозоната. Со овој ценовен шок и зголемување на цените на прехранбените производи само ќе се зголемува бројот на оние 600.000 сиромашни граѓани кои денот го поминуваат со 150 денари, порачаа меѓу другото од партијата на Христијан Мицкоски.

Листата на производи што ја утврди Владата за да бидат со „гарантирана цена“ опфаќаше 24 категории производи. Потоа беше донесена одлука да се намалат цените и на пијалаците.

Мерката започна да се применува од септември 2023 година.