Прекин на штрајкот: Возовите од попладне повторно ќе сообраќаат

од Берта Китинска

Патничките и товарните возови од попладне повторно ќе сообраќаат. Прекинат е бојкотот на машинскиот и извршниот персонал на Железници Транспорт на Република Северна Македонија АД Скопје на кои денеска им се исплатени материјалните трошоци за минатиот месец, што беше причина за прекинот на железничкиот сообраќај од вчера во 15 часот, потврди за МИА Тони Димовски, претседател на Синдикатот на машиновозачите на Македонија.

Димовски изјави и дека добиле ветување од раководството на ЖРСМ Транспорт АД Скопје дека првиот дел од платата ќе им биде исплатен утре.

Тој најави дека железничкиот сообраќај ќе се нормализира и оти првиот патнички воз што ќе стартува е тој на релацијата Скопје – Гевгелија во 16.55 часот.

Слични содржини