Автомото сојузот на Македонија информира дека од 26.11.2023 година од 06:50 часот сообраќајот на регионалниот пат Крива Паланка – с.Нерав е во прекин за сите возила во двата правци, поради обилни врнежи на снег и одрон од камења на патот.
За утре 28.11.2023 (вторник) е превидено минирање за потребите за изградба на експресниот пат А2 делница Длабочица – Чатал и затоа е предвиден времен прекин на сообраќајот на потег село Ветуница- мост на река Блидеш во период од 12:00-16:00 часот. По минирањето патничките возила ќе се пренасочуваат по локалните патишта, а сообраќајот за тешките товарни возила ќе биде во прекин се до расчистување на магистралниот пат.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 15.11.2023 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година.