238
Натпреварот од 32. коло во италијанската Серија А меѓу Удинезе и Рома беше прекинат на 20 минути пред крајот, откако 24-годишниот дефанзивец на Римјаните, Еван Ендика колабираше на теренот.
Пред тоа два пати се фати за гради, веднаш реагираше судијата Лука Парието и го повика лекарскиот тим да реагира, а потоа по консултација донесе одлука мечот да не продолжи.
Според медиумите во Италија, Ендика имал благ срцев удар.