Прекинат натпреварот Ватфорд-Челзи, навивач доживеал срцев удар

од Nikola Popovski
334 прегледи

Натпреварот меѓу Ватфорд и Челзи е прекинат бидејќи на еден навивач му се слошило на трибините.

Лекарите на Челзи го реанимирале човекот, а се уште нема информации за неговата состојба.

Маркос Алонсо забележал дека на навивачот му се слошило и ги повикал лекарите кои брзо реагирале на трибините на „Викариџ Роуд“.

Според првите информации од „островот“, навивачот доживеал инфаркт, а реанимација извршиле клупските лекари на Челзи, за што биле наградени со аплауз од целиот стадион на Ватфорд. Набрзо на лице место се појавила брза помош.

Играчите на двата тима го напуштиле теренот и моментално натпреварот е во прекин.

Фото: MIKE EGERTON / PROFIMEDIA

Слични содржини