Прекинат прагот на алармирање во Струмица

од Nikola Popovski
17 прегледи

Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентниот воздух (ДАМСКВ) од вчера среднодневните концентрации на РМ10 честичките се под дефинираниот праг на алармирање од 150 милиграми на метар кубен и епизодата од два последователни денови со надминување на прагот на алармирање за РМ10 е прекината во Струмица.

Инаку, според завчерашните податоци прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 мg /m3 во текот на два последователни денови) беше надминат на мерното место Струмица. На 6 овој месец беа измерени 175, а на 7 јануари 191,60 милиграми на метар кубен, по што Министерството за животна средина и просторно планирање нареди повеќе мерки за намалување на аерозагадувањето.

Скопје по неколку дена поминати меѓу најзагадените градови во Европа светот, утрово бележи позитивен пад на листата. Според платформата за мерење на аерозагадувањето „IQ Air“, моментално главниот македонски град се наоѓа на 41-то место во светот, со индекс на загаденост во вредност од 77.

Слични содржини