Прекинат уште еден ланец на дрвната мафија во Кичевско

од Vladimir Zorba
43 прегледи

Во заедничка акција на Шумска полиција од Кичево со граничната полиција во атарот на село Колари пресретнат е камион со огревно дрво од државни шуми без документи за превоз.

За сторителите поднесени се соодветни пријави до институциите, камионот со кој е превезувано дрвото е одземен и складиран во Полициската станица во Зајас.

„Продолжуваме со зголемени акции во соработка со МВР, Шумската полиција и Национални шуми. Максимално ќе се вложиме за стопирање на криминалот и трговијата со нелегално дрво и во борбата против нелегалната сеча на дрвата“, соопштија од МЗШВ.

Слични содржини