909
Заедничкиот час на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) беше прекинат откако на неколку студенти им се слоши, а настанот наложи итна интервенција на Брза помош.
Инцидентот се случи непосредно по почетокот на обраќањето на ректорката, кога стотици студенти се собраа пред универзитетот за да оддадат почит на жртвите од трагедијата во Кочани.
И покрај лошите временски услови, студентите останаа на собирот, кој започна со седумминутен молк точно напладне. Во текот на настанот, свое обраќање имаше и министерката за образование Весна Јаневска, која пред сè се заблагодари на студентите за нивното присуство.