Прекинатата истрагата за кобната несреќа на холивудската актерка

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Ен Хеч почина во петокот од последиците на сообраќајна несреќа што се случи една недела претходно.

Полицискиот оддел во Лос Анџелес откри дека истрагата за несреќата нема да продолжи:

„Истрагата за сообраќајната несреќа на 5 август во Калифорнија во која актерката Ен Хеч се здоби со кобни повреди ќе биде затворена по веста дека актерката починала. Од денеска нема да има дополнителни истражни напори за овој случај. Какви било информации или евиденцијата која од надлежните органи побарани пред овој пресврт ќе продолжи да се собира и формално ќе се додаде во предметот“.

Да потсетиме, актерката под дејство на психоактивни супстанци со својот автомобил влегла во гаража на двокатна куќа, која ѝ припаѓа на Џенифер Дуранд, но била изнајмена од жена по име Мишел.

По судирот избувнал пожар кој ги зафатил куќата и возилото во кое била актерката, а во кој биле уништени предметите на споменатата жена.

Слични содржини