Нуклеарните преговори на работно нив меѓу Северна Кореа и САД се прекинати, изјави денеска главниот преговарач на Северна Кореа Ким Мјонг Гил.

„Преговорите не ги исполнија нашите очекувања и на крајот се прекинати“, рече главниот преговарач на Северна Кореа чии зборови за новинарите пред амбасадата на таа земја во Стокхолм ги пренесе преведувач.
Делегацијата на Северна Кореа стигна во четвртокот во Стокхолм на преговори за денуклеизација на земјата на работно ниво, потсетува Ројтерс.
Северна Кореа претходно соопшти дека успешно тестирала нов тип балистичка ракета лансирана од подморница.