Иако за жените деветте месеци бременост се придружени со тешкотии и различен вид дискомфорт (особено во последните месеци), за малите бебиња кои растат во стомакот, тоа воопшто не е така.
Доказ за тоа е видео, кое се појави на интернет, а на кое се гледаат штотуку родени близнаци. Најинтересно е дека малите бебиња како да не разбираат дека се родени и продолжуваат да уживаат во блаженството во “мајчината утроба”.
Во видеото се гледа како близнаците “пливаат” и ги мие топла вода. Двете бебиња се видливо задоволни од ситуацијата во која се наоѓаат и не ни помислуваат да заплачат. Најмногу го грее срцето фактот дека близнаците не престануваат да се прегрнуваат, макар и несвесно – уште еден доказ за силната врска помеѓу овие деца.
Погледнете го видеото и уживајте во малите невини бебиња кои сѐ уште не сфаќаат дека се веќе во реалниот свет.