„Од почетокот на нашите полициски акции во сообраќајот, од септември, имаме изречено 43 170 санкции, околу 7 000 за неприлагодена брзина, околу 6 000 за поминување на црвено, околу 7 000 за возење без возачка дозвола, 5 000 за нерегестрирани возила или техничка неисправност. Важно е да имаме континуитет во контролите. Ние замислете имавме само пет апарати за мерење алокохол на возачите и само осум исправни радари за мерење на брзината на возилата. Затоа моравме да набавиме нови радари, нови апарати за мерење алкохол, а за тоа се неопходни пари и процедура. Сега со ЕВН имаме обебзедено дополнителни уреди кои ќе се составен дел на радарите, да имаме радари кои ќе се користат и ноќно време, до сега немавме техничка можност тоа да го правиме. Сите радари се поврзани преку софтвер и затоа се зголемува ефикасноста.“- изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во емисијата Студио 10, на телевизија 24.
Тој најави дека во иднина сите казни за возачи ќе одат компјутерски, односно ќе се постават камери на сие патишта, во градовите, и самата камера ќе го регистрира прекршокот, ќе испрати сигнал до софтверот, а софтверот ќе ја напише казната. На овој начин ќе се избегне човечкиот фактор и секој же биде казнет за тоа што го сторил.