Преку апликација: Со скенирање на окото ќе може да дознаете дали сте позитивни на ковид 19

од Берта Китинска

Германската компанија Семик РФ наскоро ќе овозможи почеток на тестирање на луѓе за ковид 19 со скенирање на очното јаболко. Според нив, потребни се само три минути за да се идентификува носителот на вирусот, додека точноста на тестот е 95 проценти.

Апликацијата користи фотографија од очното јаболко направена од паметен телефон, а вирусот се идентификува ако, или кога, постои симптоматско воспаление, кое се нарекува „розово око“.

„Успеавме да го изолираме постоењето на коронавирусот од повеќе од два милиони различни розови нанси“, изјави директорот на компанијата Волфганг Грубер за Ројтерс.

Тој додава дека апликацијата е веќе тестирана на над 70.000 луѓе и дека може да процесира до милион скенирања во секунда. Исто така, постои можност за зголемување на тој капацитет, така што ова би можело значително да придонесе за враќање на повеќе луѓе на масовни настани, како што се концерти или натпревари.

Кога корисникот ќе ги преземе апликациите, треба да ги фотографира двете очи, свои или туѓи, а потоа да ја испрати фотографијата за проценка. Добиениот резултат може да се зачува како QR-код во телефонот на тестираното лице.

Планирано е апликацијата, за почеток, да биде наменета за компании и комерцијални корисници, а подоцна да стане достапна и за приватни корисници. Цената на употребата ќе биде 480 евра месечно.

Компанијата со седиште во Минхен ја разви апликацијата за скенирање на очите во соработка со колеги од Соединетите држави и сега е во фаза на добивање дозвола од регулаторното тело, па се претпоставува дека нејзиното пуштање во употреба ќе започне до крајот на мај.

Слични содржини