Преку лотарија Македонците ќе добиваат термини за германски визи

од Берта Китинска
221 прегледи

Амбасадорката на Германија во земјава, Анке Холштајн информираше дека од февруари идната година термини за поднесување барања за германска виза ќе се добиваат преку лотарија и постапка која што ќе се спроведува секој месец.

„Во септември 2021 година на ова место Ви ветив дека имаме намера да го подобриме нашиот систем на доделување термини за таканаречените визи за Западен Балкан. Драго ми е што денес може да Ве информирам за првиот успех.Поради Вашите многубројни реакции и сè уште многу големиот интерес за термини за поднесување на барање за виза, од февруари 2022 г. секој месец ќе се применува постапка на лотарија. За таа намена, во февруари за првпат ќе се отвори нов список за регистрирање, кој ќе биде неприкинато отворен за подолг период (најверојатно за околу две недели).

Потоа, по случаен избор, со помош на компјутерски управуван генератор во лотариска постапка, од сите регистрации ќе се извлечат оние, на кои ќе им се додели термин за месец март 2022 година“, објави Холштајн на официјалната страница на германската амбасада на Фејсбук.

Слични содржини