347
Голем метеор синоќа го осветли небото над Велика Британија и предизвика одушевување кај луѓето кои имаа можност да присуствуваат на небесниот спектакл, објави Гардијан.
Метеорот бил забележан нешто пред 22 часот по локално време и можел да се види околу седум секунди, а бил фатен од камерите во градовите Манчестер, Кардиф, Хонитон, Бату, Мидсомер Нортон и Милтон Кинс.
Британската служба за метеори, група астрономи-аматери, кои снимаат такви појави од 2012 година, на Твитер напиша дека метеорот изгледал како огнена топка.
– На две видеа можевме да видиме дека метеорот се движи релативно бавно и беше јасно како се распаѓа објектот – беше напишано на твит.