Премиер лигата го суспендираше Абрамович од функцијата шеф на Челси

од Vladimir Zorba
276 прегледи

Роман Абрамович е дисквалификуван од позицијата директор на фудбалскиот клуб Челси, соопштија од Премиер лигата.

Веста доаѓа два дена откако Британија го прошири списокот на руски олигарси блиски до Путин на кои им воведува санкции, вклучувајќи го и Абрамович.

Во соопштението на Премиер лигата се вели: „По воведувањето санкции од страна на британската влада, Премиер лигата го дисквалификува Роман Абрамович како директор на Челси. Одлуката на управата не влијае на способноста на клубот да продолжи да тренира и игра натпревари“, напишаа тие.

Абрамович, кој го презеде Челси во 2003 година, го стави клубот на продажба на 3 март, по неколкудневни критики и притисок од јавноста поради руската инвазија на Украина. Тој тогаш рече дека дел од парите од продажбата на клубот, во вредност од околу три милијарди фунти, ќе бидат донирани за жртвите од војната во Украина.

Слични содржини