Раководството на Премиер лигата нема намера да го прекине натпреварувањето и покрај тоа што поради пандемијата на коронавирус мораше да одложи пет фудбалски натпревари за претстојниот викенд, а ќе се одиграат само пет. Како што објави денеска Скај, ПЛ преку соопштение истакна дека ќе се одиграат сите преостанати натпревари планирани за викендот.
Од лигата изјавија дека управата ќе продолжи да ги оценува барањата за одложување на натпреварите „од случај до случај“, а повторно се воведени итни мерки, вклучувајќи почести тестови, носење маски во затворени простории, почитување на физичка дистанца.
Поради заразени фудбалери и репрезентативци в сабота нема да се играат Манчестер Јунајтед – Брајтон, Саутемптон – Брентфорд, Ватфорд – Кристал Палас и Вест Хем – Норвич, а одложен е натпреварот меѓу Евертон и Лестер, закажан за в недела.
Од 12 декември вкупно девет натпревари од Премиер лигата се одложени. Тренерот на Брентфорд, Греам Потер, оваа недела изјави дека на Премиер лигата „ќе и биде тешко да продолжи со сегашниот тренд“ дека само некои натпревари треба да се одложуваат поради коронавирусот меѓу фудбалерите.
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека не ја гледа целта за прекин на натпреварувањето.
– Не гледам некоја голема корист од тоа. Прекинувањето на лигата веројатно не е вистинската работа, но распоредот треба да биде пофлексибилен. Не треба да застанеме, бидејќи кога ќе се вратиме работите ќе бидат исти – изјави Клоп, чии фудбалери беа ревакцинирани, а некои ја примија и третата доза од вакцината против коронавирус.