Претставниците на клубовите од англиската фудбалска Премиер лига денеска се договорија натпреварувањето да продолжи според однапред утврдениот распоред и покрај големиот број позитивни случаи на коронавирус.
Претходната недела за една недела се регистрирани 42 позитивни случаи, што е рекорден број досега.
И покрај тешката ситуација, клубовите ќе одиграат две првенствени кола од 26 декември до 2 јануари, објави Би-Би-Си.
На клубовите им е препорачано да ги играат однапред закажаните натпревари доколку имаат на располагање 13 играчи плус голман.
Во изминатите седум дена, шест натпревари беа одложени поради проблеми со коронавирусот меѓу играчите, членовите на стручниот штаб и другиот персонал во клубовите.
Се разгледуваше и идејата да се направи пауза во првенството, но ниту еден клуб не се согласил со таа идеја.
Фото: Getty Images