Премиер лигата спушти „рампа“, 60-тина играчи не можат да се приклучат на репрезентациите

од Nikola Popovski
282 прегледи

Клубовите од англиската Премиер лига нема да дозволат скоро 60 играчи повикани да играат за 26 земји, кои се на црвената листа на коронавирус.

Одлуката беше донесена едногласно, а играчите ќе мора да бидат ставени во карантин по нивното враќање, се наведува во соопштението на Премиер лигата.

„Карантинот значително ќе влијае на благосостојбата и кондицијата на играчите. Ги разбираме предизвиците што постојат во меѓународниот распоред и остануваме отворени за други решенија“, рече директорот на Премиер лигата, Ричард Мастерс.

Клубовите изразија незадоволство од одлуката на Светската фудбалска федерација (ФИФА) да ги продолжи квалификациите во Јужна Америка од девет на 11 дена, во септември и октомври.

Квалификациите за СП 2022 продолжуваат на почетокот на септември.

Слични содржини