Англиската Премиер лига би можела да воведе полуавтоматска технологија за офсајди пред крајот на сезоната 2024-2025 по значителен напредок во тестирањето, изјави главниот фудбалски директор Тони Сколс.
Минатата година клубовите од Премиер лигата едногласно се согласија да ја воведат технологијата на состанокот на акционерите. Се очекуваше системот да биде имплементиран пред Божиќ, но наиде на проблеми при тестирањето.
„Напредокот постигнат во последните четири до шест недели е значаен. Затоа веруваме дека ќе го усвоиме најдобриот систем“, изјави Сколс за британските медиуми во вторникот.
„ЕФЛ го воведе во Лига купот оваа година. Ќе го следиме и ќе се обидеме да го воведеме на две или три кола пред крајот на сезоната, тоа е нешто што активно го разгледуваме, но треба да бидеме апсолутно уверени дека тоа е вистинската одлука“, додаде Сколс.
Полуавтоматизираната офсајд технологија се користи на големите турнири и помага да се ограничи потребата од долго чекање за прегледи на ВАР, каде што официјалните лица на натпревари проверуваат дали играчот е во офсајд или не, а истовремено ја намалуваат и маржата за грешка.
Во моментов, челниците на ВАР во Премиер лигата проверуваат офсајд, но системот се соочи со критики за времето потребно за да се донесе одлука.