305
Финската премиерка, Сана Марин изјави дека не очекува никакви пречки во пристапот на оваа скандинавска земја во НАТО, јави денеска Би-Би-Си.
„Во НАТО немавме никакви индикации дека ќе има некакви проблеми за членството на Финска или Шведска. Ние сме многу поврзани едни со други и сме блиски партнери на НАТО“, рече таа.
Марин истакнува дека видела некои изјави во кои се поставуваат одредени прашања. Сепак, таа смета дека е многу важно да се разговара со тие земји и да се разговара за сите актуелни прашања.