217
Доколку стане членка на НАТО, Финска не сака да распореди нуклеарно оружје или да поставува воени бази на своја територија, изјави премиерката на Финска, Сана Марин за денешното издание на „Кориере дела сера“.
Финска и Шведска вчера официјално поднесоа барање за членство во НАТО, објаснувајќи ја таа одлука со рускиот напад врз Украина, но тие се соочуваат со потенцијално вето на Турција за време на пристапувањето, за кое се веруваше дека ќе биде релативно брзо, објави „Ројтерс“.
Марин истакна дека не мисли оти Финска би имала интерес да распореди нуклеарно оружје или да отвори база на НАТО.