Премиерката на Нов Зеланд ја откажа свадбата поради ширењето на „омикрон“ во земјата

од Vladimir Zorba
228 прегледи

„Омикрон“ навлезе во Нов Зеланд и се шири, изјави премиерката Џасинда Ардерн, најавувајќи дека во земјата ќе бидат на сила највисоките ограничувања.

Епидемија на нов вид на коронавирус ја принуди премиерката да ја откаже венчавката со Кларк Гејфорд, која е планирана во Гизборн, на источниот брег на Нов Зеланд.

Ардерн денеска изјави дека владата ќе се обиде да го забави ширењето на „омикрон“, но дека, сепак, очекуваат дневниот број на новозаразени во наредните недели да надмине 1.000, а подоцна уште илјадници. Нов Зеланд никогаш не пријавил толку многу нови инфекции.

„Знам дека овие бројки се длабоко загрижувачки“, рече таа. „Ќе направиме се што можеме за да го забавиме ширењето и да го намалиме бројот на заразени.

Премиерот рече дека „омикрон“ бил откриен кај девет членови на семејство кое отпатувало во Окленд на свадба. Надлежните сè уште не можат да го најдат главниот носител на новиот вид.

„Тоа значи дека „омикрон“ сега циркулира во Окленд и најверојатно во областа Нелсон Марлборо“, рече Ардерн.

Според првичните проценки, на свадбата имало повеќе од 100 луѓе. Стјуардесата од нивниот лет исто така била позитивна на тестот и оттогаш работела на уште неколку летови.

Слични содржини