254
Лиз Трас поднесе оставка од функцијата премиер на Велика Британија, јавува Би-Би-Си.
Пред десетици новинари пред Даунинг стрит бр. 10 Трас рече дека ја презела функцијата во време на „голема економска и меѓународна нестабилност“.
Таа изјави дека не може да го „доврши мандатот за кој членовите на ториевците ја избраа“ и дека поднесува оставка.
Трас понатаму истакна дека денес се сретнала со претседателот на Комитетот Греам Брејди.
Тие се договорија во следната недела да се одржат избори за лидер, додавајќи дека таа ќе остане премиер додека не се избере наследник.