Раководството на англиската Премиер лига со совет до судиите за почесто користење на ВАР мониторите покрај теренот при носење на одлуките за доделување на жолти и на црвени картони.
ВАР технологија оваа сезона за првпат беше воведена во Премиер лигата, а судиите во досегашните 22 кола ниту еднаш не ги користеа мониторите за предлегување на спорните ситуации, откако им беше забележано за умерена употреба. Наместо тоа, тие се потпираа на податоците од контролната соба на ВАР во Лондон.
На состанокот на премиерлигашките судии што се одржа во текот на оваа недела, беше советувано да ги користат мониторите при предлог на ВАР да покажа жолт картон наместо црвен и обратно.
За разлика од Премиер лигата, многу често се користат ВАР мониторите во национални првенства од топ 5 во Европа, како и во Лигата на шампиони.