Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 36. седница на која на дневен ред се поставување пратенички прашања. Премиерот Христијан Мицкоски и министрите ќе одговараат на прашањата на пратениците.
Според новиот Деловник, од 21 ноември лани се одржува седница за пратенички прашања од опозициските пратеници и трае два часа. Од Собранието тогаш информираа дека одржувањето на оваа седница со пратенички прашања е согласно член 42 од Деловникот усвоен во 2023 година, што почнува да се применува од овој мандат.
Редоследот на поставување на пратенички прашања го утврдува претседателот на Собранието во договор со координаторите на пратеничките групи, на начин кој ќе обезбеди сооднос два спрема еден во корист на пратениците од пратеничките групи во опозиција и на пратениците во опозиција кои не се организирани во пратеничка група.
Седниците за пратенички прашања се одржуваат последниот четврток во месецот, а според воспоставената практика, први за поставување прашања на премиерот и министерите се пратениците од опозицијата.
Претходно, претпладнето претседателот на Собранието Африм Гаши ќе го одржи редовниот месечен брифинг со новинарите.