Нов повик до премиерот Груевски итно да го спроведе целосно договорот од Пржино и да обезбеди терен за фер и демократски избори на пролет. Амбасадорите на САД, Велика Британија, Германија, Италија, Франција и Европската унија, со изјава пред Владата на Република Македонија предупредија дека само целосно почитувањена обврските д договорт можат да ја извадат земјата од политичката криза. „
„Бараме од ВМРО ДПМНЕ да ги исполни преземените обврски и да го имплементира договорот итно, конструктивно и искрено. Веруваме дека имплементирањето на договорот од Пржино е најдобриот начин да се излезе од оваа политичка криза. Го повикуваме премиерот Груевски да го овласти неговиот тим да го финализира договорот во делот на неисполнетите обврски од договорт од Пржино и да се имплементираат неопходните реформи брзо, за да се обезбеди терен за кредибилни избори кои ќе бидат признаени и дома и на меѓународен план, како и преземање одговорност за евентуалните незаконски дејствија“, Чарлс Гарет, амбасадор на Велика Британија во РМ.
Договорот од Пржино, потсетуваат амбасадорите, бара од партиите да ги стават на прво место интересите на земјата и да ги спроведуваат договорените мерки со апсолутна итност што ја налага ситуацијата.
„ Очекуваме на специјалната јавна обвинителка, едногласно избрана во Собранието, да и се дадат сите потребни ресурси за да и се овозможи да продолжи со важната работа што ја има пред неа. Бараме од СДСМ да го исполнат нивниот дел и да продолжат да ги исполнуваат нивните обврски од политичкиот договор, вклучувајќи ја обврската да не објавуваат понатаму од снимените материјали“, рече Гарет.