Премиерот Ковачевски на Самитот на Советот на Европа: Ќе и помогнеме на Украина да се избори за својата слобода

од desk4
274 прегледи

 

“Чест ми е што денес присуствувам на Самитот на лидери на Советот на Европа. Овој Самит доаѓа во еден исклучителен момент кога фундамендалните вредности на кои што почива Советот на Европа, а тоа се демократијата,владеење на правото, посебено на меѓународното право, заштитата на правата на луѓето, се доводени во прашање после воената инвазија на Русија врз Украина. Северна Македонија е земја која што секогаш ги негувала и застапувала овие фундамендални права. Сега сме дел од овој Самит”, изјави премиерот Ковачевски во пресрет на утрешната дебата за владеење на демократијата и унапредување на истата и начинот на кој ќе и помогнеме на Украина да се избори за својата слобода, за правото на самоопределување на граѓаните на Украина, да имаат своја држава која што ја уредуваат според нивните демогратски принципи.

Според Ковачевски Северна Македонија е пример на држава за стабилност која е членка на НАТО и земја што  претседава со ОБСЕ, но и земја која што од корисник на мировни мисии денеска е земја домаќин на преговори помеѓу други држави и која има што да каже. ” Утре ќе ја потпишреме Декларацијата која што се однесува токму на поддршката на Украина како и анексите во однос на оваа декларација. Ние сме еден од примерите кои што покажуваат дека владеење на демократијата може да се унапреди. Еден од тие примери дојде и пред кратко време, а тоа е напредокот од 18 места на листата на држави според слободата на медиумите. Денес сме држава која сме 38 во светот според слободата на медиумите . Тоа е нешто што постојано го унапредуваме и сметам дека ние со нашето залагање и со нашето учество овде секаго дека придонесуваме кон мирот во Европа и кон унапредувањето на демократијата и владеење на правото и секако заштитата и унапредувањето на правата на граѓаните” рече Ковачевски.

Слични содржини