Премиерот Мицкоски со низа билатерални средби и презентација на клучни енергетски проекти пред инвеститори

Премиерот најави нов инвестициски циклус во енергетиката, со фокус на производство на струја и јакнење на енергетските интерконектори.

од desk4
14 прегледи Фото: Фејсбук/Христијан Мицкоски

Премиерот  Христија Мицкоски денеска го започна работниот ден со билатерална средба со Борјана Кришто, по што следеа повеќе средби со претставници на мултинационални компании, за кои беше истакнато дека имаат значајна улога во глобалниот бизнис-сектор.

Во рамки на денешната агенда, премиерот учествуваше и на панел-дискусија посветена на развојните и енергетските политики, на која зборуваше за проекти од стратешко значење за државата. Акцент беше ставен на инвестиции во производство на електрична енергија, како и на унапредување на преносните капацитети на интерконекторите за електрична енергија и гас.

 

На панелот, за првпат пред меѓународната бизнис-заедница, беа презентирани и клучните енергетски проекти Бошков Мост, Чебрен и Галиште.

Премиерот изрази уверување дека овие проекти предизвикале сериозен интерес кај голем број потенцијални инвеститори, оценувајќи дека тие претставуваат значајна можност за зајакнување на енергетската стабилност и економскиот развој на земјата.