Премиерот може и да не го напише писмото до ЕУ, вели дека по Берлин е поголем оптимист

од Nikola Popovski
45 прегледи

Разговорите кои што се водеа во Берлин ме прават многу поголем оптимист од тоа што бев претходно. Имам лична дилема, но не сум донел конечна одлука, дека писмото може да дефокусира од тоа беше разговарано во Берлин. Содржината на писмото беше пренесена на соговорниците таму, но и на други високи официјални лица од ЕК. Едниот и другиот процес се паралелни и не се контрадикторни еден со друг, рече претседателот на Владата, Христијан Мицкоски околу најавите за писмото што претходно беше најавувано дека ќе се испрати до официјален Брисел за како да се одблокира евроинтегративниот пат на Македонија.

Премиерот на прес-конференција во Владата кажа дека после посетата на самитот на Берлинскиот процес размислува дали треба да го напише и испрати писмото. Остава простор допрва да одлучи, имајќи предвид и дека претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен доаѓа во официјална посета на Европа на 24-ти октомври.

Запрашан конкретно што ново предлага по пораката од брифингот на специјалниот преставник Мануел Сарацин дека заклучоците на Европскиот совет се јасни, премиерот вели дека одбива да коментира брифинзи  за кои тие што ги даваат имаат идеја зошто ги даваат.

„Однесувањето на оваа Влада и моето како премиер ќе разочара само една група луѓе – опозицијата“,  рече Мицкоски.

Премиерот ја предводеше македонската делегација во германската престолнина, каде што седна на иста маса со лидерите на Берлинскиот процес. Претходно беше најавувано дека разговорите од таму ќе бидат клучни за подготовка на писмото со кое ќе даде нови идеи за продолжување на преговорите за членство во ЕУ.

Слични содржини