Премиерот најави можна средба со приватните превозници, но постави неколку барања

од Nikola Popovski
223 прегледи

Најголемата опасност кон нашата држава е популизмот што се шири и тоа особено од страна на партијата Левица, кои се агенти на хаосот. Тој хаосот можеа сите да го видат во градот Скопје, изјави денеска на прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски.

Според него, Левица и ВМРО-ДПМНЕ секое утро се натпреваруваат во која поголема екстремна изјава ќе дадат во однос на секојдневните проблеми со кои се соочуваат граѓаните.

-Градот Скопје стана заглавен град. Единствената вина во градот е кај ВМРО-ДПМНЕ и сите нивни кадри кои ги поставија, порача премиерот.

Премиерот најави дека е можна средба со приватните превозници, но постави неколку барања.

-Не под притисок и не под уцена. Прво што треба да направат е да ги ослободат улиците и да им ги вратат на граѓаните на Скопје. Второ, на тој состанок мора да бидат и надлежните органи од Град Скопје. Мора да се види дека нема надлежност Владата во делот на јавниот превоз во Скопје. Трето, се работи за должничко-доверителски односи меѓу приватни компании и јавно претрпријатие во надлежност на градот, рече Ковачевски.

Тој демантира дека имал таен состанок со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Слични содржини