Премиерот на Јапонија во посета на Украина, ќе се сретне со Зеленски

од Stefanija Kuzmanovska
152 прегледи

Јапонското министерство за надворешни работи соопшти дека премиерот Фумио Кишида денеска ќе ја посети Украина и ќе се сретне со претседателот Владимир Зеленски.

Јапонската телевизија NHK прикажа видео од премиерот Кишида како влегува во воз во полскиот град Пшемишл, кој се наоѓа на границата меѓу Полска и Украина.

Премиерот на Јапонија, земја членка на групата Г7, за време на оваа посета ќе изрази поддршка и солидарност со Украина, се додава во соопштението на министерството, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини