Премиерот на Австралија плачејќи вети дека нема да ги изневери жените

од Stefanija Kuzmanovska
279 прегледи

Австралискиот премиер Скот Морисон вети дека ќе го „исчисти“ парламентот по новиот во низата скандали со сексуално злоставување и вознемирување што ја потресоа неговата влада и обвинувањата дека не го разбира гневот на жените поради токсичната машка култура.

По неколкунеделниот притисок поради млака реакција на скандалите, вклучувајќи го и случајот со службеничката која обвини поранешен колега за силување, Морисон вчера се расплака на прес-конференцијата во Канбера и вети дека неговите ќерки, сопругата и мајката ќе му бидат мотивација да го реши проблемот

Новите обвинувања доаѓаат од свиркач кој тврди дека бил дел од група на вработени во парламентот каде членовите разменувале видеа додека вршеле разни сексуални дејствија во парламентот, вклучително и мастурбација на бирото на пратеничка.

Свиркачот, идентификуван како Том, за два медиума изјави дека владини претставници и пратеници имале секс во салата за медитација и молитва во парламентот и внесувале проститутки во зградата „за задоволство на пратениците“. Тој исто така навел дека вработените разменувале порнографски видеа и дека постои „култура во парламентот во која мажите мислат дека можат да прават што сакаат“.

Слични содржини