Премиерот на Баварија со ултиматум до Меркел за бегалците

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Канцеларката треба да обезбеди ред на границите на Германија во рок од 2 недели
20160116.gqtraafzch

Премиерот на Баварија и лидер на Христијанскоцијалната унија Хорст Зеехофер денес упати ултиматум до  канцеларот Ангела Меркел. Тој ја предупреди дека ако за  две недели не обезбеди ред на границите на Германија, тој ќе поднесе тужба во Уставниот суд, соопштува списанието. Der Spiegel.
“Во следните 14 дена ние ќе побараме писмено од федералната влада да го врати редот на границите (…). Ако тие не го сторат тоа, за владата на Баварија не останува ништо друго освен да се сврти кон Уставниот суд “, рече Зеехофер.