Премиерот на Чешка со навреди им одговори на стотината илјади демонстранти

од desk2
120 прегледи

Чешкиот премиер Андреј Бабиш со навреди денеска им се обрати на учесниците на најголемиот протест во историјата на самостојна Чешка , а нивното масовно собирање го нарече ,,неприфатливо”.

,,Кога тие луѓе завиваат на плоштади дека сум бил лажго и измамник , тоа е неприфатливо.” , рече денеска чешкиот премиер и милијардер , на ден по најголемите протести по 1989 во земјата .

Демонстрантите бараат 64 годишниот премиер да си поднесе оставка поради кражба на пари од европските фондови. Оставка бараат и од неговата сојузничка , министерката за правда , Марија Бенешова.

Демонстрациите против Бабиш се одржуваат од крајот на април , кога се дозна дека неговите компании се директно поврзани и ги користат парите од европските фондови.

Полицијата по истрагата побара од обвинителството да поднесе пријава за премиерот , но тој го смени тогашниот министер за правосудство и ја назначи Бенешова.

Богатството на Бабиш се проценува на 3,7 милијарди долари и е втор најбогат човек во Чешка.