Јапонскиот премиер Фумио Кишида изјави дека полицијата е одговорна за смртта на поранешниот премиер Шинзо Абе, кој беше убиен на 8 јули, пренесе „Анадолија“.
Коментирајќи го атентатот на Абе, кој беше убиен за време на предизборен митинг, Кишида рече дека безбедносните мерки на тој настан не биле доволни.
Кишида денеска изјави дека несоодветното полициско обезбедување дозволило убиство на поранешниот премиер Шинзо Абе. Абе, еден од највлијателните јапонски политичари, беше убиен на јавен настан за време на изборната кампања минатиот петок.
Фотографиите и видеата од настанот покажуваат дека осомничениот можел непречено да му пријде на Абе, пренесува „Бета“.
Тој сега е во притвор и на распит во полиција. Според извештаите на медиумите и полицијата, осомничениот рекол дека пукал во Абе поради неговата наводна поврзаност со верска организација.