340
Премиерот на Јапонија, Јошихиде Суга не ја исклучи можноста за одржување на Олимписките игри во Токио, од 23 јули до 8 август, без гледачи, доколку главниот град на Јапонија се наоѓа во вонредна состојба поради Ковид- 19
„Ако е во сила вонредна состојба, тогаш не можеме да ја исклучиме можноста да нема гледачи на спортските арени“, рече Суга, пренесе Ројтерс.
Организаторите на Олимписките игри се очекува во текот на денот да одлучат дали ќе дозволат присуство на навивачи на стадионите.
Суга ја укина вонредната состојба во Токио минатата недела, но ја задржа таканаречената „квази- вонредна состојба“ со придружни ограничувачки мерки до 11 јули.