345
Премиерот на Нигер, Ахмуду Махамаду, кој остана затворен во Франција по минатонеделниот воен удар во Нигер, побара денеска помош од меѓународната заедница за решавање на кризата во неговата земја, нагласувајќи дека тоа е од клучно значење за одбраната на демократијата во Западна Африка.
„Ова е катастрофа. Нигер е кревка земја. Тоа е земја во која речиси четири милиони луѓе немаат редовен пристап до храна. Тоа е земја со 300.000 бегалци и исто толку внатрешно раселени лица“, рече Махамаду во интервју со АП.
Тој истакна дека пучот во Нигер следел по три слични настани во Буркина Фасо, Мали и Гвинеја.