Терористи во заседа убија 23 војници на Нигер

од Симе Стоиков

Вкупно 23 нигериски војници се убиени во заседа поставена од „терористи“ за време на операција на армијата во западниот дел на Нигер, соопшти денеска Министерството за одбрана.

Нападот се случи во регионот Тилабери, кој се наоѓа на тромеѓето меѓу Нигер, Мали и Буркина Фасо и е познат како упориште на џихадистите.

Една армиска единица беше фатена во заседа за време на операција во таа област, при што беа убиени 23 војници, а „околу 30 терористи беа неутрализирани“, соопшти Министерството.

Регионот Тилабери е засолниште за џихадистите на Исламската држава и Ал Каеда.

Со години тој дел од Нигер е цел на напади од овие вооружени групи и покрај распоредувањето на антиџихадистичките сили

Слични содржини