Гир: Изборите се одвиваа во генерално мирна и демократска атмосфера

од Nikola Popovski

Евроамбасадорот Дејвид Гир порача дека „првиот круг од изборите помина во генерално мирна и демократска атмосфера“.

Гир се надева дека таквата атмосфера ќе продолжи и за време на камапањата вториот круг од претседателските избори и за параламентарните избори и дека целиот процес ќе заврши со позитивни пораки.

-Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР веќе го издаде прелиминарниот извештај од Првиот круг на изборите. Изборите се одвиваа во генерално мирна и демократска атмосфера и навистина се надеваме дека во вториот круг на претседателските избори, тие исто така и во кампањата за парламентарните избори тие ќе се надградат во овој позитивен замаец што ќе овозможи целиот процес да заврши со позитивни пораки и со позитивно чувство, изјави евроамбасадорот, кој денеска присуствуваше на одбележувањето на Европската недела на имунизација во Градскиот парк.

Силите на 8-ми мај ќе ги одмерат Силјановска – Давкова со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски кој ја има коалицијата на СДСМ зад себе. Во првиот круг професорката оствари предност од 180 илјади гласови во однос на актуелниот шеф на државата.

Слични содржини