Премиерот на Онтарио Даг Форд рече дека покраината нема да отстапи откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнителни зголемувања на царините како одговор на извозниот данок на електрична енергија од Онтарио од 25 отсто.
Во интервју за „МСНБЦ“, (MSNBC) само еден час по објавата на Трамп, Форд рече: „Нема да отстапиме. Ќе бидеме немилосрдни“.
Тој потврди дека може целосно да ја прекине струјата што доаѓа од таа канадска провинција во САД.
Трамп на социјалната мрежа „Вистина“ (Truth Social) изјави дека му наредил на министерот за трговија да ги удвои царините за канадскиот челик и алуминиум од првичните 25 на 50 проценти. Тој, исто така, се закани дека трајно ќе ја затвори канадската автомобилска индустрија доколку Онтарио не се откаже од мерките и ја повтори својата претходна најава за „претворање на Канада во 51-ва американска држава“.