329
Во рамки на својата посета на градот Истанбул, премиерот Димитар Ковачевски денеска ја посети Вселенската Патријаршија.
Како што е наведено на сајтот на Вселенската патријршија, премиерот Ковачевски бил примен од Севселенскиот патријарх Вартоломеј, со кого имал прилика да разговара во добросрдечна атмосфера на теми од заеднички интерес.
Ковачевски го посети и се поклони во Патријаршискиот храм посветен на Светиот Георгиј Победоносец, стои на сајтот на Вселенската патријаршија.