127
Украинскиот премиер Денис Шмихал изјави дека украинската контраофанзива би можела да започне на лето и дека Киев не чувствува притисок од западните „пријатели и партнери“.
„Не чувствуваме притисок од нашите пријатели и партнери во однос на почетокот на офанзивата. Сите наши пријатели и партнери многу добро знаат дека за да тргнете во контраофанзива, треба да бидете 100 проценти или уште повеќе подготвени за тоа“, рече Шмихал во интервју за весникот „Хил“.
Премиерот на Украина изјавил „дека контраофанзивата би можела да биде покрената веќе во текот на летото“, пренесува РИА Новости.