Премиерот откри детали: Безбедносните служби ме назначиле како организатор на „параполициска воена формација“ и ме следеле на Водно и во манастирот „Св. Јован Бигорски“

од Nikola Popovski
198 прегледи

Големо внимание во јавноста привлече кога на почетокот на ноември, премиерот Христијан Мицкоски рече дека бил мета на следење од страна на службите кои треба да разузнаваат и контраразузнаваат. Денеска на седницата за собраниски прашања, Мицкоски откри детали. Според него, безбедносните служби го следеле и покривале на терен и од страна на нив бил назначен како организатор и поддржувач на „параполициска воена вооружена формација“ составена од „радикали“.

-Една од неколкуте институции кои што треба да се занимаваат со безбедноста на државата, наместо да се занимава со безбедноста на Македонија, се занимавала со физичко следење на претседателот на најголемата опозициска партија. И тоа го правеле на многу интересен начин. Како? Измислуваат извор во случајот „цилиндар” кој што според нив доставува веродостојна информација. Конкретно таква информација доставил од објективни причини, нема да ја кажам точната дата, туку ќе кажам некаде од почетокот на 2020 година, чудно тоа коинцидира со изборите кои што тогаш се случуваат, во која што вели, внимавајте, пара полициско воено вооружена формација. Претпоставувам најголем дел од вас биле пара полициско воено вооружена формација составена од внимавајте го ова, македонски радикални екстремни и националистички настроени државјани кои имаа за цел во предизборието да вршат заплашување и закани на македонски граѓани за да издејствуваат поддршка за ВМРО-ДПМНЕ. И ова е многу интересно, нарачател и финансиер на оваа пара полициско воено вооружена формација на македонски радикални екстремни и националистички настроени елементи, е професор д-р Христијан Мицкоски. Јас сум тој кој што оваа пара полициско воено вооружена формација ја финансирал, ја формирал итн.

Ова е оставено како трага и точно се знае кој работел на ова. Изворот „цилиндар“ вели дека јас сум бил виден со две женски особи на Водно како пешачам и како тие ми презентирале информации од мој политички интерес. Додека пешачам изворот „цилиндар“ мене ме покривал. Во името на приватноста не сакам да ги кажам, како што не е вистинита информацијата, не е ни првата, не е ниту оваа втората вистинита, како пешачам и замислете тие ми презентирале информации од мој политички интерес.

Изворот „џокер“ вели дека во манастирот „Св. Јован Бигорски“, мојата средба со припадници на патриотско друштво била за да се нарушува безбедноста. Ова како алиби дека сум ја загрозувал безбедноста на Македонија. Ова ли се европските вредности? Тука се покривани и мојата сопруга и мојот малолетен син. Затоа е сега стравот, кажа премиерот, одговарајќи на новинарски прашања, додавајќи дека ќе бара одговорност.

Претходно премиерот обвинуваше дека кога СДСМ и ДУИ биле на власт незаконски со дронови го следеле него лично и ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини