Премиерот откри на кој начин ДУИ прави обиди да влезе во Владата

од Nikola Popovski
326 прегледи

Многумина ми велеа: „Откачи го брзо Таравари, тој сака да седи на две столици – да остане во Владата, а истовремено ДУИ да му поддржи пет градоначалници преку некандидирање на свои и така да го засили во базата“. Тоа што ДУИ го бара од него е да објави дека на листи на советници ќе оди сам, за да можело ДУИ да брои повеќе советници во однос на ВЛЕН, иако сум убеден дека и тоа нема да се случи. Замислете каква стратегија- како бројот на советници да ме убеди дека треба да ги земам од ДУИ во Владата, а не принципи, програма и заеднички цели. Зарем тие мислат дека ќе заборавам како Бујар Османи го продаваше мојот македонски идентитет, зарем така мислат дека ќе помине тоа, кажа денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски за напуштањето на едното крило на АА од владините редови и преминувањето во опозициските редови.

Мицкоски истакна дека „Таравари одлучил да биде маша на партијата на Али Ахмети и да ги поддржува во политички живот сите оние за кои тој говорел најлоши работи“. Вели дека не е загрижен, но само може да биде разочаран.

-На пријателите кои ми велеа „побрзо да го тргнам од Владата“, јас им велев „ако, оставете го нека размислува и нека се врти како риба прескокница на суво и нека измислува изговори“. Срамот е кај него, тој треба да објаснува, а не јас. Нас душата и совеста ни се чисти. Кај мене зборот е збор, кажа премиерот на годишната конференцијата на Унијата на жени при ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини