Премиерот преде како маче каде што не е силен, порача Јакимовски и ја поддржа Арсовска во ловот на дивоградби

од Nikola Popovski
555 прегледи

Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски денеска изрази поддршка до градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска за нејзиниот „лов“ на дивоградби во општина Чаир. Вели „ние може нејзе да не ја сакаме, може да бидеме незадоволни од нејзини постапки, но, овие постапки треба да ги поддржиме“. Додаде дека градоначалничката на целата јавност, со документи ѝ го покажала она што го знаат сите граѓани на државата, а тоа каде се гради на диво, каде се легализира по едно евро за квадрат и каде се врши легализација.

Јакимовски е зачуден од односот на премиерот Христијан Мицкоски и, како што вели, „трио фантастико Панче Тошковски, Александар Николоски и Мицкоски“.

-Премиерот кој се закануваше со влечење на уши и дека дури и брат му да е, ќе одговори кривично, овде имаат среќа луѓето што не му се браќа. Овде тој го влече македонскиот народ за нас затоа што овде и неговите институции имаат надлежност. Замислете на локациите што ги посочува Арсовска, узурпирано градежно земјиште, кое што е државно и само на една локација чини 2 милиони евра. Не се платени комуналиии милион евра, нема никаков урбанистички план ниту маркица. Министерот Николоски го нема никаде, а да не зборувам за тарзанот министерот Тошковски кој што му поднесе кривична на градоначалникот на Крива Паланка за урбана опрема. Овде каде што има стотици дивоградби и каде што за милијарди евра се оштетува државата не се постапува и очигледно законите се применуваат во Карпош, Струмица, Крива Паланка и Центар, рече градоначалникот на општина Карпош, додавајќи дека „таму каде што мисли дека не е посилен, премиерот преде како маче“.

Слични содржини