Премиерот смета дека Алијанса има капацитет за да биде дел од европската коалиција

од Nikola Popovski

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски смета дека Алијанса за Албанците има капацитет за да биде дел од европската коалиција.

-Не се работи за убедување, туку кога се прават коалиции, клучно е да се споделуваат заеднички вредности, кои се однесуваат пред се на визијата за модерно општество и модерна држава со економски просперитет, социјална правда и демократија на врвно ниво, слобода на медиумите, владеење на правото унапредено многу повеќе од тоа денес и на тие основи ќе се градат коалициите, кажа премиерот запрашан дали ќе ја убеди партијата на Арбен Таравари да се приклучи на владината коалиција.

Ковачевски истакна дека АА има капацитет да разговара на такви теми и смета дека на таа основа може да се водат разговори во однос на идните коалиции и настапи на изборите.

Премиерот додаде дека со ДУИ имаат јасен коалициски договор и споделуваат исти вредности во врска со членството во Европската Унија.

Слични содржини